Почетокот на новата година често ја носи онаа тивка, но возбудлива потреба да се замислите себеси некаде на друго место. Најчесто на некое потопло место, исполнето со опуштачки (или возбудливи) бои и мириси. Кога празничната гужва ќе се смири, а секојдневието повторно ќе го фати својот ритам, помислата на патувања во 2026 година станува особено примамлива.