Ако сакате да го продолжите летото, а притоа да не патувате на другиот крај од светот, Мадеира би можела да биде една од поинтересните европски дестинации за крајот на септември и почетокот на есента. Островот нуди сурфање, вулкански пејзажи, древни шуми, набљудување китови и делфини, но и клима поради која повеќе потсетува на егзотична дестинација отколку на Европа.