конференција

Повеќе

Третата конференција на високо ниво на генерални директори на царини на Западниот Балкан и државите-членки на ЕУ се одржа денес во Атина, обележувајќи значаен преод  од политичко одобрување на Зелените коридори кон нивна широка, оперативна интеграција со единствениот пазар на ЕУ. Настанот беше заеднички организиран од Независниот орган за јавни приходи на Хеленската Република, Секретаријатот на ЦЕФТА преку Проектот SEED+, и Постојаниот секретаријат на Транспортната заедница. На настанот, Зелените и Сините коридори, поддржани од SEED+, беа истакнати како конкретен чекор кон непречена трговија и поблиска економска интеграција меѓу Западниот Балкан и ЕУ.
Со силни пораки, визионерски дискусии и присуство на најрелевантните носители на одлуки, годинашното издание на The Economist MeetUp: The World Ahead 2026 официјално се заокружи како најпрестижната бизнис и економска конференција одржана во земјава оваа година.
Во пресрет на 2026 година, македонскиот пазар на труд се соочува со парадокс: технологиите никогаш не биле понапредни, а квалификуваниот кадар никогаш потешко достапен. Дали ерата на „лојалност за плата“ дефинитивно заврши?
На претстојната конференција The Economist MeetUp– The World Ahead 2026, економистот и инвеститор Иван Ивановски од Prime Capital ќе даде увид како монетарната политика на САД влијае на глобалните финансиски пазари и развојните перспективи на мали економии како Македонија.
Здравата економија почива на ликвидност и доверба. Токму овие два столба ќе бидат во фокусот на презентацијата на д-р Катерина Бошевска, генерален директор на ЕОС Матрих, на престижниот настан The Economist MeetUp.
До 2026 година, компаниите веќе нема да се делат на „дигитални“ и „традиционални“, туку на оние што ја користат технологијата за да извршуваат задачи автономно и оние што сè уште само ја користат за комуникација.
All articles loaded
No more articles to load