Ако 2023 беше година на масовно „откривање“ на вештачката интелигенција, а 2024 година на големи експерименти, тогаш 2025, за мене е сосема јасно – година на отрезнување, пишува Лазар Јовановиќ, Chief Digital and AI Office на Represent System. За рекордно кратко време, AI од „магично копче“ стана уште една ставка во буџетот, KPI во dashboard и тема на состаноците на бордот. И тоа е добра вест.