Есента ги враќа тенџерињата на шпоретот, а со нив и супите кои лесно можат да станат главен оброк. Тиква, батат, печурки, компири и леќа даваат доволно простор за кремасти, зачинети и позаситувачки комбинации кои особено ни годат штом температурите почнат да паѓаат.