Пред да прерасне во природна наука, математиката со векови била поврзувана со филозофија, астрологија и езотерија. Луѓето отсекогаш биле фасцинирани од бројките и во нив откривале мистична симболика. Оттука и нумерологијата e древна вештина што ја истражува скриената димензија на бројките, за да ги дешифрира нашите сили, слабости и најдлабоки желби. Според ова учење, вашиот датум на раѓање открива многу за вас.