Денес во Националната опера и балет во Скопје започна AI Tech Summit „Filip Avramchev“ 2026, кој на 22 и 23 септември на едно место ги обединува глобалните AI експерти, инженерите, бизнис-лидерите, стартапите и студентите.
вештачка интелигенција
Повеќе
Ги среќаваме речиси секојдневно, иако најчесто не ги нарекуваме со нивното вистинско име. Големо и впечатливо копче „Прифати“, додека опцијата „Не, благодарам“ едвај се забележува. Известување дека останале „само уште две соби“. Попуст што наводно ќе исчезне секој момент. Претплата што се активира со еден клик, но за нејзино откажување се потребни шест.
Google во следните две години ќе инвестира 13 милијарди евра во дигитална инфраструктура, чиста енергија и локални проекти во Финска, како дел од проширувањето на капацитетите потребни за развој и функционирање на услуги базирани на вештачка интелигенција.
Ако мислевте дека најголемата AI револуција е тоа што сега можете да разговарате со четбот, оваа недела покажа дека веќе сме отишле многу подалеку. AI доби задача да реши математички проблем што речиси 90 години им задава мака на луѓето, истражувачи предупредуваат дека развојот на суперинтелигенција би можел да го загрози човештвото, AI агенти за време на тестирања правеле работи што никој не им ги побарал, а Индија подготвува систем во кој вештачката интелигенција ќе може да извршува финансиски трансакции наместо луѓето.
Скопје на 22 и 23 септември ќе собере меѓународни експерти и професионалци од различни области на вештачката интелигенција на AI Tech Summit „Filip Avramchev“ Skopje 2026, кој ќе се одржи во Националната опера и балет.
Вештачката интелигенција веќе влегува во болниците, но нејзината најголема промена можеби нема да биде во тоа што ќе ги „чита“ снимките наместо лекарите. Многу поважно би можело да биде тоа што ќе го промени начинот на кој радиолозите донесуваат одлуки, ја организираат работата и го користат своето време.
All articles loaded
No more articles to load