хороскопски знаци

Повеќе

Астролошката слика во мај е многу динамична, особено меѓу двете полни Месечини, на почетокот и на крајот од месецот. Во овој период, речиси сите важни планети менуваат знаци, што носи силни промени во енергијата.
Венера неодамна влезе во Близнаци, носејќи повеќе спонтаност, комуникација и ментална стимулација. Во позадина, Марс и Меркур сè уште ја носат огнената енергија на Овен, додека сезоната на Бик потсетува на потребата од стабилност. Водениот елемент го засилува полната Месечина во Скорпија на 1 мај.
Астролошката мапа оваа недела ја исцртуваат големите планети и лунацијата во огнената енергија на Овенот. Марс влезе во овој знак минатата недела, а на 15 април му се придружува и Меркур. Неделата завршува во знакот на новите почетоци, со млада Месечина во Овен. Атмосферата, меѓутоа, ја урамнотежува и ја ублажува стабилното влијание на Венера, која и понатаму транзитира низ Бик. Неделниот хороскоп 12 април – 18 април носи увиди и астролошки совети во областа на љубовта, работата и здравјето, за секој хороскопски знак.
Неделниот хороскоп од 4 до 10 април носи енергии кои како истовремено нè заспиваат и нè разбудуваат. Додека Венера се движи низ стабилниот и сензуален Бик, нагласувајќи ја потребата за сигурност, допир и уживање, Меркур сè уште плови низ сонувачките Риби. Мислите се замаглени, комуникацијата обоена со емоции, а одлуките често водени од чувство, а не од логика.
Додека ги чекаме новите заплети и романтични пресврти, светот на серијата Bridgerton го претвораме во астролошка мапа на карактери. Bridgerton и хороскопските знаци не се само забавна игра, тие ги откриваат подлабоките мотиви, скриените слабости и емотивните патерни на ликовите што ги обожаваме. Во раскошните балски сали, зад свилата и протоколот, се кријат типични Јарци, страсни Скорпии и нескротливи Водолии.
Неделата пред нас е обележана со пред-ретроградна сенка и почеток на ретроградното движење на Меркур во Риби. Ретроградниот од на Меркур официјално започнува на 26 февруари и трае до 20 март. Во енергијата на космичко забавување, Неделниот хороскоп за 1 – 7 март носи увиди и астролошки совети во областа на љубовта, работата и здравјето за секој хороскопски знак.
All articles loaded
No more articles to load