пријателства

Повеќе

Во светот каде листите со обврски се бескрајни, а времето е скапоцено, одржувањето на пријателствата станува вистински предизвик. Работата, семејството, секојдневните ситници, сето тоа често ги голта нашите планови за средби со луѓето кои ги сакаме. Но, смисленото поврзување со луѓето е клучни за менталната рамнотежа бидејќи и покрај постојаното движење меѓу луѓе, можете да се чувствувате изолирано и осамено.
Речиси секој од нас барем еднаш застанал над стари фотографии или преписки и си го поставил прашањето: каде се сега сите тие луѓе? Пријателите со кои некогаш ги делевме секојдневијата, колегите без кои не можевме да го замислиме работниот ден, познанствата што изгледаа толку цврсти што бевме убедени дека ќе траат засекогаш. Кога ќе сфатиме дека тие односи денес се сведени на повремен „лајк“ или целосно исчезнале, често вината ја бараме во себе.
Со некои луѓе имате доживотни пријателства растете заедно низ сите животни пресвртници и ситуации, без да се изгубите од вид. Некои луѓе ги губите, од некои се оддалечувате или животните патишта ве одведуваат во различни насоки. Во текот на целиот живот ги негувате старите пријателства и стекнувате нови, а мајчинството често во вашиот живот носи потенцијални нови пријателки.
All articles loaded
No more articles to load