Apple ја објави четвртата бета верзија на iOS 26.4 за програмери, а со неа пристигнаа и сосема нови емоџиња од листата за 2025 година. Меѓу новитетите се искривено лице, балетан, орка и ковчег со богатство. Ова е првпат да го видиме дизајнот на Apple за емоџињата од листата Emoji 17.0.