Иако летото е време за одмори, заминувањето на долго планираното и посакувано патување всушност претставува само најмал дел од него. Поголемиот дел од времето, сите работиме, трудејќи се да покриеме сè додека некој друг е на одмор. Продуктивноста во текот на летото понекогаш изгледа како своевидна агонија. Набљудувањето на празната маса на колегата кој е на одмор и погледот низ канцеларискиот прозорец секојпат ви предизвикуваат воздишка. Ништо не ви е полесно ниту ако веќе сте се вратиле од одмор, ниту ако дури сега се подготвувате да заминете. Тука сте каде што сте и колку и да си ја сакате работата, да го одржите фокусот и ефикасноста во текот на летото е често вистински предизвик.