Последните десетина дена ги поминав на туристичко патување низ Јапонија. Ги видов Токио, Кјото, Осака, Хирошима и уште неколку помали, прекрасни места. Ги посетив нивните храмови, се возев со познатите брзи возови, шетав покрај брегот на Пацификот и се обидував да разберам како функционира земјата за која сите однапред имаме создадено одредена слика. По подолго време, ова за мене беше период во кој не бев секој ден во светот на AI, туку во реалниот свет на еден турист. И затоа во оваа колумна нема AI.