Кавгата со партнерот е лизгав терен на кој сите сме паднале и сме се повредиле. Ако научивме нешто од тоа, тоа е дека отворениот конфликт е секогаш подобар од пасивната агресија. И многу подобар од потиснувањето на емоциите кои нè јадат одвнатре. Но, ако сме подготвени навистина да ја продлабочиме комуникацијата, тогаш знаеме дека кавгата не е само издувен вентил, туку може да биде многу продуктивна расправа.