Денес речиси сите користат ChatGPT, некој за да состави соопштение, некој за да напише семинарска, а некој само за „малку да го среди“ мејлот до шефот. И токму кога ќе помислиме дека умееме да препознаеме кога текстот не е напишан од човек, испаѓа дека не оддава нешто големо туку само една црта. Да, токму онаа долга црта.