Западен Балкан

Повеќе

Покрај стремежите кон европска интеграција и поголема демократизација на регионот, младите луѓе од Западен Балкан ги обединуваат заеднички предизвици, а зголемената соработка меѓу младите е клучен чекор кон помирување и надминување на денешните проблеми. Оваа порака беше пренесена на Форумот за млади од Западен Балкан, кој се одржа на 13 и 14 октомври во главниот град на Германија, Берлин.
UNIDO (специјализирана агенција на Обединетите нации за индустриски развој) во соработка со Универзитетот во Нови Сад и Европската мрежа за претприемништво (EEN) ја има честа да ги покани иновативните компании, претприемачите, истражувачите, лидерите во дигиталната трансформација и индустријата 4.0, институциите за поддршка на бизнисот, како и владините претставници на меѓународната конференција „Овозможување напредок: Индустрија 4.0 на Западен Балкан“, која ќе се одржува на 12 и 13 јуни во Научно-технолошкиот парк во Нови Сад.
Денес, во Котор се одржа Регионалната средба на лидерите од Западен Балкан под слоганот „Еден регион, заедничка визија“. Овој настан ги собра лидерите од Западен Балкан, како и претставниците на бројни организации и клучни актери во процесите на пристапување кон Европската унија.
All articles loaded
No more articles to load