Во сезона во која модата го рефлектира темпото на современиот живот, забележлив е пресврт кон поедноставен, потивок и емоционално поинтелигентен пристап кон облекувањето. Наместо пренагласени трендови и визуелна бучава, фокусот се поместува кон гардероба која носи чувство на баланс. Така настанува таканаречениот cortisol (кортизол) плакар, внимателно одбрана палета на бои и парчиња кои имаат смирувачки ефект врз секојдневието.