Понекогаш ви се завртува во глава кога нагло ќе станете или кога сте гладни, па веројатно ви паднал шеќерот. Понекогаш краткотрајната вртоглавица можете да ја припишете на хормонални промени, сигурно сте го почувствувале тој непријатен и вознемирувачки симптом, за кој понекогаш можете да претпоставите што го предизвикува. А причините за вртоглавица можат да бидат бројни од сосема безопасни, до вознемирувачки или дури сериозни и итни состојби, како мозочен удар.