Социјални мрежи
Ако сте родител и вашиот Spotify во последните месеци е преполн со песнички од цртани филмови, приспивни песни и детски хитови, новата опција би можела да ви биде корисна.
Владата на Нов Зеланд ќе предложи закон со кој на децата помлади од 16 години би им било забрането користењето социјални мрежи, а платформите што нема да ги почитуваат правилата би можеле да се соочат со казни до 10 проценти од нивните глобални…
Функцијата „Предложено за вас“ на Instagram со години е предмет на бројни теории Од тврдења дека ги прикажува луѓето што тајно ви го гледаат профилот, до претпоставки дека меѓу предложените профили можете да ги пронајдете лицата со кои вашиот партнер…
Повеќе
Почетокот на 2026 остава впечаток дека гледаме бран на хаос во реално време. Протести, репресија и воени тензии стануваат содржина која постојано пристигнува на нашите екрани. Проблемот не е само што има насилство, туку како се снима, сече, дистрибуира и интерпретира преку алгоритми и вирусни наративи.
Марк Закерберг и група негови колеги од Харвард на 4 февруари 2004 година ја покренаа социјалната мрежа која засекогаш го промени начинот на кој луѓето комуницираат на интернет. Facebook во почетокот беше наменет исклучиво за студентите на Харвард, но многу брзо се прошири и на други американски универзитети. Веќе во 2006 година платформата стана достапна за сите, без ограничувања, а нејзиниот раст беше речиси незапирлив.
Неколку европски земји започнаа нова иницијатива, која вклучува целосно бришење на апликациите за социјални мрежи во февруари. Целта на овој предизвик е да се намали зависноста од паметните телефони и да се обнови контрола врз вниманието, што станува се посуштинска тема на глобалниот дигитален план.
Meta најави дека ќе започне со тестирање на премиум претплати на Instagram, Facebook и WhatsApp, со воведување дополнителни функции и напредни AI алатки за корисниците кои ќе бидат подготвени да платат. Основните услуги остануваат бесплатни, но компанијата јасно порачува дека иднината на нејзините платформи повеќе нема да зависи исклучиво од огласите.
Павел Дуров, основач и извршен директор на Telegram, напиша на мрежата X дека е „наивно да се верува дека WhatsApp е безбеден во 2026 година“, а Илон Маск јавно ги потврди неговите зборови. Во момент кога WhatsApp го користат повеќе од две милијарди луѓе ширум светот, оваа порака повторно го отвора прашањето колку апликациите за размена на пораки навистина се приватни и каде завршува маркетингот, а започнува реалната безбедност.
YouTube воведува нова опција за родителска контрола што им овозможува на децата и тинејџерите целосно да им се исклучи гледањето Shorts содржина или за овој формат да се постават строги временски ограничувања. Така, родителите за првпат добиваат директен „прекинувач“ за еден од најзависните формати на платформата.