Ова се работите што Генерација Z не сака да ги работи

Претставниците на Генерација Z сè почесто ги заобиколуваат одредени почетни работни позиции, незадоволни од ниските плати и фиксното работно време – нешто што порано се сметаше за нормално. Според деловната експертка Ебигејл Рајт, оваа генерација – млади на возраст меѓу 13 и 28 години има целосно поинаков поглед на кариерата и работните услови во споредба со претходните генерации.

generacija-4416-fi

Извор: Unsplash/Getty Images

Зошто е ова важно?

Најновата анкета на Галуп покажува дека ангажираноста на вработените во САД паднала на најниско ниво во последните десет години – само 31% од работниците се чувствуваат активно ангажирани на своето работно место.

Најголем пад е забележан кај младите под 35 години, а Генерација Z покажува сè помала подготвеност да прифати работни позиции што претходните генерации ги сметаа за неопходен прв чекор во кариерата.

Работи на „црната листа“

Според Рајт, постојат неколку категории на работни позиции што Генерација Z генерално ги избегнува. Меѓу нив се:

  • работа во малопродажба и угостителство,
  • кол-центри и корисничка поддршка,
  • физичка работа во магацини,
  • „ригидни“ корпоративни позиции со фиксно работно време од 9 до 17 часот,
  • продажба платена само со провизија,
  • и неплатени пракси.

Многу млади овие позиции ги сметаат за потплатени, премногу напорни или недостоинствени.

Редефинирање на поимот „добра работа“

Големата стапка на професионално согорување, физичкиот напор и ниската плата ги обесхрабруваат младите да работат во магацини или кол-центри. Традиционалните канцелариски работи сè повеќе се заменуваат со флексибилни ангажмани и работа од далечина.

Причината е новата финансиска реалност

„Таквите работи можеби функционираа пред 20 години кога ќе завршевте факултет – имавте мал долг, живеевте со цимери и едвај се покривавте“, објаснува Кевин Томпсон, извршен директор на 9i Capital Group.
„Но денес, трошоците за кирија драстично пораснаа, долговите се зголемија и едноставно не можете да си дозволите да работите слабо платена работа.“

„Генерација Z научи да поставува граници“

„Генерација Z научи да поставува граници, за разлика од миленијалците.
Поставуваат прашања што другите генерации не ги поставувале:
Зошто би останал на ниско платена, стресна работа без флексибилност,
кога можам да бидам фриленсер, да имам спореден приход или
да градaм кариера на далечина?“
– објаснува Ебигејл Рајт.

Извор: bizlife.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.