Од талог од кафе до енергија: како отпадот станува ресурс

Дали она што го истураме секое утро во мијалникот може да ја напојува иднината? Проф. д-р Јоже Кортник од Универзитетот во Љубљана го покажа токму тоа, како талогот од кафе може да стане вреден енергетски ресурс.

rudnici-4667-fi

Извор: Повекс-Подекс '25

На панелот „Научни предизвици и современи истражувачки тенденции во рударството: перспективи, методолошки пристапи и идни насоки“, Кортник ја претстави својата иновативна демонстрација: брикет направен од талог од кафе и рециклирано масло, пример дека решенијата за енергетската иднина понекогаш се кријат во секојдневните навики.

„Ова е отпад кој сите ние го создававме без да размислиме што може да стане,“ објасни Кортник. „Талогот од кафе, наместо да заврши во корпата, може да се претвори во енергетски брикет. Ја имам измерено неговата калоричка вредност повеќе од 20 мегaџули на килограм. За споредба, лигнитот има само 10, а комуналниот отпад што се користи во индустријата околу 15. Тоа значи дека кофеинот може да биде посилен извор на енергија од јагленот.“

rudnici-4667-ps1

Брикетот, како што објасни професорот, е безбеден и практичен за употреба, гори околу 20 минути и претставува одличен пример за чиста енергија.
„Во Словенија веќе е направен тест во цементара и резултатите се одлични,“ додаде тој. „Ова не е лабораториски експеримент, туку нешто што може реално да се примени во индустриски процеси.“

Примерот на Кортник совршено се вклопува во пошироката европска тенденција за енергетска циркуларност. Според податоците на InnoEnergy, отпадот од околу 30 чаши кафе може да се претвори во еден брикет, а со глобалната потрошувачка од над 2,25 милијарди шолји дневно, потенцијалот е речиси неисцрпен.

Ова не е само прашање на технологија, туку на промена во размислувањето. Отпадот не е крај, туку почеток. Не треба да бидеме ‘зелени’ само за пари, туку навистина да живееме зелено.

Со својот едноставен, но моќен експеримент, Кортник покажа дека одржливоста не секогаш бара скапи технологии, туку малку креативност и многу визија.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.