Дали ВИ може да помогне или одмогне во ситуацијата со лажни вести?

Во ерата на брзиот технолошки развој, прашањето дали вештачката интелигенција може да помогне или одмогне во справувањето со лажните вести е сè поактуелно.

3-epizoda-2825-fi

Извор: WebMind Редакција

Токму ова беше во фокусот на третата епизода од New Biz Podcast, во која се истражуваа можностите и ризиците од напредокот на големите јазични модели и нивното влијание врз пребарувањата, вестите и информациите што се шират на интернет.

Во епизодата гостуваше д-р Игор Трајковски, професор на ФИНКИ и основач на Time.mk. Игор го демистифицираше патот до индексирање на Time.mk и откри какви промени очекува да донесе развојот на ВИ во news бизнисот, истакнувајќи:

„Има простор и за да биде хаос невиден, но има простор и за поголема контрола. Истото нешто може да се користи за две работи. За фактуални работи може да помогне како fact checker. Но, во однос на генерирање на текстови од типот на сценарија, кои што би нанесувале, можеби, некаков психолошки ефект врз читателите, страв, неизвесност ќе биде полесно.“

Неговите ставови отворија дискусија за тоа како ВИ може да помогне во проверка на факти и спречување на хакерски напади, но и како може да се злоупотреби за создавање содржини со манипулативна цел. Во дигиталната ера, пребарувањето информации се трансформира. Google ни овозможува линкови до различни извори, додека големите јазични модели (LLMs) нудат директни одговори, „разговараат“ и филтрираат информации за нас. Овој разговор ја истражува потребата за адаптација, едукација и свесност.

Погледнете ја целата епизода на YouTube, за да дознаете како вашата вест цел ден да биде на насловна на Time.mk:

New Biz Podcast  е проект во копродукција на webmind.mk и pari.com.mk поддржан од Sustain Media програмата на ГИЗ и има за цел да ги отвори темите поврзани со новите технологии како вештачката интелигенција, блокчејн, крипто, децентрализиран web 3.0, IoT и нивното влијание врз бизнисот.

Христина Шеќероска, дипломиран филолог по англиски јазик и книжевност. Вљубеник во пишаниот збор. Мото: трпеливоста и упорноста пред сè.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.