Webmind Редакција

Webmind Редакција

Сè поголем број корисници ги добиваат одговорите директно на Google, без потреба да посетат ниту еден веб-сајт. Според новото истражување на компанијата SparkToro, базирано на податоците на Similarweb за однесувањето на корисниците, дури 68,01% од Google пребарувањата во САД во првите четири месеци од 2026 година завршиле без ниту еден клик.
Заклучениот Android уред, особено кога ќе се заборави шаблонот (патернот) за отклучување, може да предизвика голема фрустрација. Во најголем број случаи, решението бара фабричко ресетирање на телефонот. Еве ги чекорите како да го отстраните шаблонот и повторно да пристапите до вашиот уред.
Со години луѓето се грижеа дека технологијата го менува начинот на кој размислуваме. GPS-от го ослабе нашето чувство за правец, а пребарувачите влијаеа врз помнењето. Сега научниците предупредуваат дека вештачката интелигенција (AI) би можела да влијае уште пошироко врз креативноста, критичкото мислење, вниманието и меморијата.
Кавгата со партнерот е лизгав терен на кој сите сме паднале и сме се повредиле. Ако научивме нешто од тоа, тоа е дека отворениот конфликт е секогаш подобар од пасивната агресија. И многу подобар од потиснувањето на емоциите кои нè јадат одвнатре. Но, ако сме подготвени навистина да ја продлабочиме комуникацијата, тогаш знаеме дека кавгата не е само издувен вентил, туку може да биде многу продуктивна расправа.
Откако минатата есен достигна историски рекорд од 126.000 долари, биткоинот падна на нешто повеќе од 60.000 долари. Со ова, од пазарот е збришана вредност од над 1,2 трилиони долари за само осум месеци.
Компанијата Kaspersky објави извештај за злоупотреба овозможена со технологија (tech-enabled abuse), заснован на глобално истражување*, кое покажува дека 45,7% од испитаниците доживеале најмалку еден облик на таква злоупотреба во текот на претходните 12 месеци. Сепак, само 32% од луѓето точно го разбираат значењето на овој поим. Извештајот исто така содржи анализа на понудата за услуги на следење (уходење) на дарк веб, како и клучни увиди во развојот на заканите поврзани со stalkerware софтверот, кој во периодот 2024–2025 година погодил повеќе од 34.000 корисници.
All articles loaded
No more articles to load