Webmind Редакција

Webmind Редакција

Во современиот деловен свет, каде сè се мери во рокови, KPI индикатори и Excel табели, една работа останува надвор од официјалната агенда пауза за кафе. Иако често се смета за мал луксуз или „трошење време“, истражувањата и искуството покажуваат дека токму тие десетина минути поминати во кујната на канцеларијата или во блиското кафуле имаат поголемо влијание врз тимската продуктивност отколку најдетално испланираните состаноци.
Некои корисници на чет-ботови, како ChatGPT, почнуваат да го губат контактот со реалноста по интензивна интеракција со овие алатки, па западнуваат во состојба наречена AI психоза. Заедно со термините како „brainrot“ и „doomscrolling“, оваа неформална дијагноза станува сè поприсутна поради се поголемиот број пријавени случаи.
Ново истражување покажува дека генеративните „AI пребарувачи“ често звучат уверливо, но приближно секоја трета тврдење во нивните одговори нема реална поткрепа во изворите на кои се повикуваат. Наодите го отвораат прашањето за довербата во алатките кои сè почесто ја заменуваат класичната интернет-пребарувачка.
Започнувањето бизнис никогаш не било подостапно отколку денес. Со ВИ алати кои се лесно достапни (често и бесплатни), доволно е малку креативност и волја за да се направи првиот чекор. Еве пет идеи што можеш да ги започнеш веднаш, без големи вложувања и комплицирани процедури.
Дури и за време на кафе паузите зборуваме за ВИ. Шала на страна. На неодамнешното Coffee break дружење разговаравме за тоа како лидерството еволуира во ерата на вештачката интелигенција. Две работи ми оставија најсилен впечаток. Првата ја цитирам: „Културата на учење е основа, културата на иновации е додаток“. Втората беше директно упатена кон лидерите: немојте воведувањето на ВИ алатки да го претставувате како заштеда, бидејќи кај нас поимот „заштеда“ значи дека нешто е вишок – а кога зборуваме за ВИ, вишок се луѓето.
Кери Едвардс од Мидлотијан, Вирџинија, освоила 150.000 долари на државната лотарија откако побарала од ChatGPT да ѝ предложи броеви. Целиот износ одлучила да го донира во хуманитарни цели.
All articles loaded
No more articles to load