Состојбата на новинарството во регионот и светот главна тема на првиот ден од Weekend.18
Наташа Божиновска Миркова
Наташа Божиновска Миркова
Каде завршува автентичноста, а каде започнува спонзорството? Панелот „Trust for Sale? How Influencers Became Advertising Space“, одржан во Aircash lounge на Weekend Media Festival во Ровињ, ја отвори токму оваа дилема пред публиката. На дискусијата учествуваа: Дарио Марчак, основач на Crew; Марио Фракуљ, маркетинг експерт и раководител на Одделот за економија при Algebra Bernays; Кристина Готовац, комуникациски менаџер; и Барбара Толич Аушиќ, директорка за комуникации во HURA, IAB Croatia & Dani komunikacija.
Малите гестови, големите приказни и анегдотите што покажуваат дека човекот секогаш е во срцето на одржливоста
Ровињ, 18-то издание на Weekend Media Festival – Првиот ден од најголемиот регионален фестивал за комуникации и креативност започна со панел кој остави длабока трага врз публиката. Под водство на Корадо Корлевиќ, еден од најпознатите астрономи во регионот и основач на Звездарница Вишњан, салата се претвори во простор за размислување за големите прашања на нашето време: каде е човекот во ерата на технологијата и како да ја сочуваме суштината на човечкото битие?
Регионалните комуникациски лидери отворија искрена дискусија за тоа како се гради доверба во општество полно со скептицизам, каква улога има вештачката интелигенција во јавните односи и зошто етичноста е најсилната карта што може да ја одигра професијата.
За првпат по 1933 година и непосредно пред овогодинешниот US Open, Lacoste го промени култниот крокодил со коза во чест на Новак Ѓоковиќ. Љубителите на тенисот ја поздравија почеста за четирикратниот победник, а лимитираната колекција „From Crocodile to GOAT“ ја забетонира автентичноста во заедништво: фановите стануваат дел од приказната, а органските, вирални реакции покажуваат како бренд со традиција ја засилува довербата без класичен рекламeн буџет.
All articles loaded
No more articles to load