Децата понекогаш се противат на идејата да носат ужина од дома, но полесно ќе ги убедите дека тоа е „cool“ ако и вие сами носите ручек на работа. Сепак, најубедлив аргумент е вкусната и привлечна храна, спакувана во убава кутија со прегради.
Bento кутиите се практични и организирани токму поради одвоените прегради, во кои храната изгледа убаво и останува свежа. За да ја направите ужината уште попривлечна, ви предлагаме неколку едноставни идеи за оброци што лесно можете да ги спакувате.
Во суштина, тоа се „расклопени“ оброци што детето само ги составува, како мини сендвичи внесувајќи рамнотежа од јаглехидрати, протеини, овошје, зеленчук, преливи и десерт. На овој начин детето ужива во храната, затоа што изгледа забавно, потсетува на грицки и содржи сè што сака.
Идеи за Bento Box оброци за училиште
Bento пица Box
Извор: MOMables
Не само што овој „направи сам“ оброк е лесен за подготовка, туку и децата се одлично забавуваат додека ја составуваат својата мини пица од подготвените состојки.
Во преградите може да ставите тенко исечена салама (или шунка), коцки моцарела, маслинки, печени пиперки, пица-чипс и хумус.
Протеински Bistro Box
Извор: No. 2 Pencil
Инспириран од познатиот Starbucks Bistro Box, овој оброк содржи неколку намирници богати со протеини кои ќе го заситат детето во текот на целиот ден.
Спакувајте путер од кикирики, грозје, јаболко, варено јајце, сирење и неколку триаголници пита лепче. Можете да направите ист оброк и за себе – идеален е и за канцеларија!
Сендвич од јаболко и путер од кикирики
Извор: Bless This Mess
Класичен и забавен Bento оброк: јаболка со путер од кикирики, неколку боровинки, малку јаткасти плодови и неколку чоколадни трошки како мала награда.
Додадете и две варени јајца, морковчиња и целер за дополнителна свежина. Едноставно, хранливо и брзо – совршено за исполнети утрa!
Bento оброк со шунка и сирење
Извор: Bless This Mess
Детето само го составува својот оброк – со шунка, парчиња сирење, крекери, моркови, краставици, ротквици, маслинки и малини.
Одличен начин да јаде разновидно, без да му биде здодевно.
Мисиркино и печиво со сирење
Извор: Celebrating Sweets
Овој Bento Box изгледа шарено и весело: ставите неколку ролнички со мисиркино и сирење, парчиња печиво со сирење, хумус, боровинки, грозје, чери домати и неколку чоколадни трошки.
Комбинација на бои, текстури и вкусови што секое дете ќе ја обожава.
Овие Bento идеи не само што им овозможуваат на децата да јадат хранливо, туку го прават оброкот забавен, креативен и визуелно привлечен – токму она што секој родител посакува да го види кога детето ја отвора својата кутија за ужина.