На апликацијата Cameo, можете да платите на позната личност да ви испрати персонализирана видео-порака. Роденден, годишнина, дипломирање, раскинување, за било кој повод, вашиот омилен актер, пејач или спортист ќе може да ви посака сè најдобро, директно од својот телефон. Звучи бизарно, но сепак, луѓето плаќаат за ова, а понекогаш и прилично скапо.
Цените варираат во зависност од тоа колку е славна личноста: некои наплаќаат 20 долари, други и до 2.000. Некои снимаат во пижами, други под професионално осветлување, како на сет. На прв поглед сè изгледа спонтано и искрено… ако се шегуваме.
Cameo е истовремено генијално и малку тажно откритие. Фановите добиваат момент што изгледа лично, а ѕвездите уште еден извор на приход во свет каде што славата трае пократко од еден TikTok тренд. На крајот сите се задоволни: корисникот добива видео што гордо ќе го објави на социјалните мрежи, а славната личност заработува уште еден ден за „чоколадо“.
Колку и да звучи чудно, Cameo всушност совршено го опишува времето во кое живееме, кога интимноста и вниманието се купува со пари, а блискоста услуга.
Извор: web-mind.rs