Компаниите трошат огромни суми за рекламирање на телевизија. Што значи огромни? Според извештајот на Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги во 2019 комерцијалните телевизии во Македонија оствариле околу 20 милиони евра приходи од реклами. Сумата е незначителна споредена со над стотиците милијарди што во светски рамки се трошат на телевизиски реклами но во локален контекст воопшто не е за занемарување особено ако се има предвид ефектот од рекламите или повратот на инвестицијата.