„Microshifting“ како нов тренд: дали кратките налети на работа можат да го заменат работното време од 9 до 17?

Современиот работен ден ретко кога поминува мазно и без прекини. Меѓу состаноци, бескрајни Slack-известувања и повремени падови на енергијата, изгледа речиси невозможно да се најдат подолги периоди на непрекинат фокус. Токму тука настапува microshifting – нов пристап кој се заснова на користење на малите моменти. Наместо да чекаат совршен блок време за продуктивност, микрошифтингот ги поттикнува вработените да ги извршуваат задачите во кратки налети – каде било и кога и да е можно.

microshifting-4676-fi

Извор: Freepik

Говорејќи за оваа промена, Петер Дуриш, извршен директор и коосновач на компанијата Kickresume, објаснува дека денешното работно опкружување повеќе не е толку круто и структурирано како порано. Кога станува збор за бенефиции на работа, флексибилноста и понатаму е на прво место кај повеќето кандидати – без разлика дали станува збор за работа од далечина или за можност за флексибилно работно време.

„Microshifting е одличен начин вработените да ги усогласат личните обврски со работата,“ вели тој.
„Ако имате можност да работите во кратки налети, вреди да разговарате со менаџерот за тоа. Ова особено може да направи голема разлика за родителите или негувателите.“

Што всушност е microshifting?

Microshifting станува сè попопуларен начин на работа, особено меѓу генерацијата Z, вработените родители и оние што се грижат за други лица.
Суштината е во напуштање на традиционалното работно време од 9 до 17 и организирање на работата во кратки, флексибилни интервали кои се вклопуваат во вашиот дневен ритам (и ниво на енергија).

Можеби ќе почнете рано, ќе направите подолга пауза околу пладне, па повторно ќе се вклучите навечер – се додека тоа ви одговара и работата е завршена.
Овој начин на работа со години е присутен во индустрии како малопродажба и угостителство, но сега сè повеќе навлегува и во канцелариските работи.

Како што повеќе луѓе бараат подобар баланс меѓу работа и живот, некои работодавци почнуваат да се прилагодуваат.
Сè додека задачите не се временски чувствителни и роковите се почитуваат, многу компании сфаќаат дека флексибилноста може да функционира во обострана корист, зголемувајќи ја продуктивноста без да се загрози резултатот.

Како да се пристапи кон микрошифтинг на работа

Се разбира, не сите компании се подготвени веднаш да го прифатат овој модел. Но Дуриш нагласува дека сè започнува со отворена комуникација.

„Бидете јасни и транспарентни,“ советува тој. Известете го менаџерот и тимот кога ќе бидете достапни, за сите да можат да планираат соодветно. Користењето на заеднички календар за означување на работните часови и паузи може да помогне во одржување на редот. Дуриш, исто така, препорачува најважните задачи да се извршуваат во периодите кога имате најмногу енергија.

„Завршувајте ги приоритетните обврски во вашите најпродуктивни часови,“ објаснува тој.

Без разлика дали сте утрински тип или најдобро функционирате подоцна во текот на денот, усогласувањето со сопствениот ритам може значително да ја подобри ефикасноста. Бидејќи микрошифтигот подразбира работа во кратки, флексибилни временски периоди од денот, организираноста станува клучен фактор за успех.

Извор: bizlife.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.