Семејството Трамп поседува околу една четвртина од сите постоечки токени на оваа криптовалута, а тројцата синови на Трамп – Доналд, Ерик и Барон Трамп се коосновачи на World Liberty Financial, додека претседателот е означен како „коосновач емеритус“.
Трамповиот коин
Иако World Liberty тврди дека токените на основачите и членовите на тимот остануваат „заклучени“ и дека тие не можат да ги продаваат, почетокот на тргувањето овозможува пазарна проценка на нивните удели, кои претходно беа засновани на приватни продажби, пренесува Independent.
World Liberty беше основан минатата година, додека Доналд Трамп беше во претседателска кампања, а тогаш најави дека ќе ја направи Америка повторно голема – овој пат со криптовалути.
Според податоците на CoinMarketCap, тргувањето со токените започна во минатиот понеделник, кога една милијарда долари сменија сопственик во рок од еден час. Цената исто така носи премија во однос на 1,5 центи што инвеститорите ги платија минатата година при директно купување токени од World Liberty.
Ова го прави уделот на семејството Трамп вреден повеќе од шест милијарди долари „на хартија“. Треба да се напомене дека овој нов потфат не е без ризик, бидејќи продажбата дури и на мал број токени може да предизвика пад на цената.
Извор: we-mind.rs