Вештачката интелигенција и безбедноста на идентитетот

Растечката употреба на ВИ, базирана технологија за препознавање на лице е меч со ве острици: од една страна, таа носи значителни придобивки за безбедноста, удобноста и ефикасноста во многу аспекти на животот, додека од друга, укажува на сериозни ризици за приватноста, граѓанските слободи и човековите права.

bezbednost-4012-fi

Извор: Freepick

Вештачката интелигенција (ВИ) е интегрален дел од нашиот секојдневен живот, трансформирајќи го начинот на кој комуницираме со уредите, а со тоа и начинот на кој функционираат бизнисите. Со својата способност брзо и точно да обработува големи количини податоци, ВИ има примена во најразлични сектори, а една од најзабележителните во последно време е технологијата за препознавање на лице, која иницијално се користи  за верификација на идентитетот, и следствено, за надзор и јавна безбедност.

Растот на технологијата за препознавање на лице

Технологијата за препознавање на лице (Facial Recognition Technology) е една од највидливите и контроверзни примени на ВИ во модерното општество. Поддржана од алгоритми за машинско учење, оваа технологија го анализира уникатниот изглед на лицето на личноста, како што се растојанието помеѓу очите, обликот на носот и контурите на вилицата, за да го верификува идентитетот. Иако е широко прифатена во различни уреди како паметните телефони или безбедносни системи, нејзината употреба се проширува во посензитивни и критични области, вклучувајќи владини надзорни служби и полиција.

Во некои земји, технологијата се користи за верификација на идентитетот во јавни простори, како што се аеродроми, банки, трговски центри итн. Удобноста што ја носи користењето на лицето за отклучување телефони, врати или плаќање за услуги е несомнено привлечна, но потенцијалот за злоупотреба и инвазија на приватноста дава сериозна загриженост.

bezbednost-4012-ps1

Извор: Freepick

Придобивки од примената на ВИ за препознавање на лице

Придобивките од технологијата за препознавање на лице се очигледни во неколку контексти. Во правосудството, таа е ефикасна во помагање при идентификување на криминалци, пронаоѓање на исчезнати лица и спречување на измами. На пример, полициските сили во многу земји ја користат технологијата за препознавање на лице за да ги споредат осомничените со снимки од безбедносни камери, што им обезбедува алатка за брзи и ефикасни истраги.

Дополнително, технологијата за препознавање на лице може да ја подобри безбедноста во јавните и приватните простори. Аеродромите, железничките станици и другите транспортни хабови ја користат за да обезбедат побрзо и попрецизно верификување на идентитетот, зголемувајќи ја ефикасноста и безбедноста на патниците. Во малопродажбата, таа може да се користи за создавање персонализирани искуства за клиентите, нудејќи им таргетирани реклами и промоции на база на нивните преференции.

Загриженост за приватноста и злоупотребите

И покрај своите ветувања, технологијата за препознавање на лице носи значајни недостатоци, особено кога се работи за нарушување на приватноста и потенцијална злоупотреба. Еден од најзагрижувачките аспекти е начинот на кој владите и организациите собираат и складираат биометриски податоци. Во Кина, на пример, владата користи препознавање на лице за да го следи населението, особено таргетирајќи ги етничките малцинства. Овој масовен надзор предизвика загриженост за нарушувања на човековите права, со тоа што Обединетите нации веќе го прогласија ова за злосторство против човечноста.

Во Турција, полициските сили ја користат технологијата за препознавање на лице на протестите, што им овозможува да ги следат и идентификуваат луѓето во реално време. Додека технологијата е наменета за верификација на идентитетот, критичарите тврдат дека таа се користи за следење на активистите и политичките дисиденти. Ова поставува важни прашања за тоа дали технологијата за препознавање на лице се користи за нејзината наменета цел или за политичка контрола.

Еден од главните ризици е потенцијалот за погрешно препознавање. Систем кој не е добро калибриран или е преоптоварен, може погрешно да ја интерпретира личноста, особено во преполни средини. Фактори како недовлно осветлување, лоши агли и делумно покриени лица можат да предизвикаат системот да направи грешки, што може да доведе до погрешни обвинувања, надзор или дури и апсења.

bezbednost-4012-ps2

Извор: Freepick

Згора на тоа, многу земји немаат јасни регулативи и надзор врз собирањето и користењето на биометриските податоци, што оставa простор за злоупотреба. Без изречна согласност или правна основа, лицата често се скенираат и нивните податоци се складираат без нивно знаење, што ги нарушува нивните права на приватност.

Регулација и транспарентност?

За да се спречи злоупотребата на технологијата за препознавање на лице, неопходно е да се воспостават јасни и транспарентни правила за нејзината употреба. Владите и организациите мора да обезбедат правна основа или изречна согласност пред да ги собираат биометриските податоци. Треба да се имплементираат строгите мерки за заштита на приватноста на поединците и да се спречи злоупотребата на податоците собрани преку системите за препознавање на лице.

Дополнително, точноста на овие системи треба во континуитет да се проценува. Важно е компаниите и властите да спроведуваат ригорозни тестирања и валидации за да осигурат дека системите за препознавање на лице се точни и непристрасни.

Како што продолжуваме понатаму, важно е развојот и имплементацијата на технологијата за препознавање на лице да биде придружена со строги етички стандарди, транспарентност и надзор. Само тогаш може да бидеме сигурни дека ВИ ќе се користи за подобрување на општеството, а не за нарушување на основните права.

Извор: Webmind редакција

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.