19 цитати од успешни луѓе кои ќе ве научат сè што треба да знаете за САМОДОВЕРБАТА

Сите сакаме да бидеме таа личност што влегува на состанок полна со самодоверба, што запознава нови луѓе без да се прашува: „Што мислат за мене?“, што со мирен поглед ја прелетува просторијата додека држи одличен говор, без да чувствува страв од сите тие вперени погледи, што не се грижи што ќе каже на интервју за работа или на прв состанок.

citati-4576-fi

Извор: Freepik

Но премногу често ни се прикрадуваат сомнеж и самокритика. Си велиме: „Не можам да го направам тоа!“

Како што еднаш рекол Теодор Рузвелт: „Верувај дека можеш – и веќе си на половина пат.“
Во продолжение збирка инспиративни и мотивациски цитати кои ќе ви помогнат да почнете да верувате во себе:

#1

„Мора да имаш луда самодоверба во себе, дури и кога не е реална. Сега мора да бидеш свој навивач, затоа што нема преполна сала со луѓе кои чекаат да ти кажат: Успеа! Цело време те чекавме да блеснеш!“ – Минди Калинг, актерка

#2

„Не барај дозвола. Што чекаш? Зошто воопшто прашуваш?“ – Ава Дувернеј, режисерка

#3

„Една година одлучив да кажувам ‘да’ на сè што ме плаши. За сѐ што ме нервираше или ме вадеше од зона на комфор, велев ‘да’. Јавен настап? Да. Глума? Да. Се случи нешто неверојатно: самиот чин на соочување со работите што ме плашеа – го уништи тој страв.“ – Шонда Рајмс, продуцентка

#4

„Со текот на годините научив дека кога некој ќе донесе одлука, стравот се намалува; спознанието што треба да се направи го отстранува стравот.“
– Роза Паркс, активистка

#5

„Не е твоја работа да бидеш симпатична. Твоја работа е да бидеш своја. Ќе им се допаднеш на луѓето и така.“ – Чимаманда Нгози Адичи, писателка

#6

„Следниот пат кога ќе се двоумиш да тргнеш по нешто што го посакуваш, кога ќе се засрамиш поради комплимент или ќе се посомневаш во своето место во светот, на работа, дома или во сопствената кожа, кажи си: ‘Јас вредам.’ И кажи го така, како да веруваш во тоа.“ – Виола Дејвис, актерка

#7

„Сакам луѓето да одат наоколу уверени дека можат да бидат неверојатни, а потоа да се борат толку напорно за тоа секој ден, така што лагата ќе стане вистина.“ – Лејди Гага, пејачка и актерка

#8

„Најдобриот совет што некогаш сум го добил бил: ‘Ниту другите не знаат што прават.’“ – Рики Џервејс, комичар

#9

„Целиот живот бев апсолутно преплашена, но никогаш не дозволив тоа да ме спречи да направам сè што сакав.“ – Џорџија О’Киф, уметница

#10

„Самодовербата не значи да бидеш екстровертен или гласен; туку да бидеш свој и да веруваш во сопствената вредност.“ – Лупита Нионго, актерка

#11

„Големата лекција во животот е никогаш да не се плашиш од никого и ништо.“ – Френк Синатра, пејач

#12

„Биди нежен и љубезен со себе. Самодовербата бара храброст во свет што не секогаш ја поддржува нашата вистинска природа.“ – Трејси Елис Рос, актерка

#13

„Кога ќе сфатиш дека има живот и по грешките стекнуваш самодоверба што никогаш не исчезнува.“ – Боб Шифер, новинар

#14

„Големите луѓе прават работи пред да бидат подготвени. Пред да знаат дали можат. Правењето на тоа што те плаши, излегувањето од удобноста, ризикувањето – тоа е живот. Можеби ќе бидеш одличен. Можеби ќе откриеш нешто посебно во себе. А ако не – кому му е грижа? Проба. Сега знаеш нешто ново за себе.“ – Ејми Полер, комичарка

#15

„Во животот доаѓа момент кога вратата се отвора и тогаш мораш да влезеш. Не можеш да речеш: ‘Ќе влезам за две години. Ќе почекам да заштедам пари…’“ – Дејвид Седарис, писател

#16

„Трикот е следен: ако можеш да се замислиш себеси како го правиш тоа – тогаш можеш и навистина да го направиш.“ – Том ДеЛонг, музичар

#17

„Само кога би можел да почувствуваш колку си важен во животите на оние што ги среќаваш; колку многу можеш да значиш на луѓе за кои никогаш не си ни сонувал. Дел од себе оставаш во секој контакт со друг човек.“ – Фред Роџерс, ТВ водител

#18

„Оние што се доволно луди да мислат дека можат да го променат светот – најчесто тоа и го прават.“ – Стив Џобс, претприемач

#19

„Секогаш велам: внимавај кои гласови ги слушаш. А најблиските гласови во мојот живот секогаш ми велеа: ‘Можеш.’“ – Беки Хамон, кошаркарска тренерка

Извор: bizlife.rs Freepik

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.