Кога трудот и довербата стануваат награда

Компанијата Expanda ја доби наградата „Бизнис Лидер 2025“ за највисоки приходи во категоријата трговија на големо со производи од тутун.

doverba-4682-fi

Извор: Бизнис Лидер

На овогодинешното доделување на признанијата „Бизнис Лидер“, кое ги одбележува најуспешните компании според финансиски критериуми и постигнати резултати, Expanda се истакна како лидер во својата категорија, освојувајќи го првото место со 151,9 милиони евра приход дури 54,8 милиони евра повеќе од второпласираната компанија.

Во индустрија во која бројките често зборуваат најгласно, Expanda докажува дека зад секој резултат стои тим кој ја претвора довербата во сигурност, стабилност и раст.
„ Ако успехот навистина се сведува на бројка, тогаш за Експанда таа бројка е 242.

242 индивидуи  мои колеги, соработници, пријатели, кои секојдневно и несебично се вложуваат, секој со свои доблести и маани, но сите со иста цел. Оваа награда им ја должиме токму ним. И да не заборавиме, лидерството не значи само да бидеш прв  тоа значи да им дадеш простор на луѓето да бидат свои, да им дадеш поддршка да растат и да се развиваат, резултатите неминовно ќе следуваат. Тоа е единствениот начин да бидеме вистински лидери,“ – истакна Магда Моловска, директорка на продажба во Expanda, при примопредавањето на наградата.

Во 2014 година, Expanda започна партнерство со Philip Morris Тутунски Комбинат Прилеп, нова етапа на развој и професионализација. Денес е доверлив партнер на А1 Македонија и Државната лотарија, како и ексклузивен дистрибутер на Oleum масла и Kozlović вина. Во 2025 година, портфолиото се проширува со брендови како Vincini и Molendini.

Повеќе од три децении, Expanda останува пример за одговорен раст што ги обединува традицијата и иновацијата. Водена од развој и нови технологии, компанијата постојано поставува повисоки стандарди. Во таа насока, Магда ја иницира идејата дел од средствата од следната церемонија да се донираат за поддршка на стартапи.

Наградата „Бизнис Лидер 2025“ ја потврдува токму таа силна способноста да се одржи континуитетот и да се создава вредност што трае.

Основана во 1990 година како семејна компанија, Expanda прерасна во еден од клучните економски двигатели во Македонија. Од телефонски нарачки до дигитални системи, ја задржа истата суштина, труд, прецизност и визијa.

Expanda – повеќе од компанија. Приказна што трае, чекор по чекор, веќе 35 години.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.