Покрај добро познатите интроверти и екстроверти, отроверите претставуваат сè уште малку истражен, но јасно различен трет тип личност.
Кои се отроверите?
Отроверите тешко се поврзуваат со групи и претпочитаат да стојат настрана од колективите.
Д-р Камински објаснува:
„Едноставно кажано, отроверт е личност која не чувствува припадност кон ниту една група. Отроверите се многу пријателски настроени и способни да изградат длабоки врски со други луѓе. Единствената разлика е што не градат поврзаност со колективи, заеднички идентитети или традиции.“
Иако ваквиот начин на живеење може да звучи тежок, Камински тврди дека отроверите често се покреативни, поотворени и поинвентивни од останатите.
Меѓу познатите отроверти се: Алберт Ајнштајн, Фрида Кало, Џорџ Орвел, Франц Кафка и Вирџинија Вулф.
Од каде потекнува терминот?
Името произлегува од латинскиот корен „vert“ (врти). Интровертите се „вртат“ навнатре, екстроверти – кон надворешниот свет, а отроверти – се „вртат“ на друга страна: одбиваат или не се способни да се вклучат во групни активности.
Д-р Камински го раскажува своето лично искуство од детството, кога сфатил дека е поинаков – приклучувајќи се на извидничка организација, за време на полагање заклетва почувствувал дека групниот обред не предизвикува во него никаква емоционална реакција.
Карактеристики на отроверти:
- Чувство дека се аутсајдери во секоја група – дури и меѓу блиски пријатели
- Не сакаат тимски спортови
- Претпочитаат индивидуална работа
- Тешко ги разбираат заедничките ритуали – било општествени, било религиозни
- На собири, повеќе се впуштаат во длабок разговор со една личност, отколку да се движат од гостин до гостин
Д-р Камински истакнува дека отроверите, иако често се чувствуваат несфатени и под притисок да се вклопат, не се антисоцијални, ниту осаменици. Напротив – тие се способни да изградат исклучително длабоки и значајни врски со луѓето до кои им е навистина грижа.
Извор: bizlife.rs