1000 Libraries, магазин и онлајн платформа посветена на најубавите места за љубителите на литературата, по рангирањето на најубавите книжарници во светот, се сврте кон топлите и инспиративни аглкафулиња во склоп на книжарници. Повеќе од 200.000 читатели и експерти гласаа за своите омилени места кои, според нив, најдобро покажуваат како книжарниците се претвориле од обични продавници во општествени центри и „трети простори“ на локалните заедници.
Спој на модерен дизајн и илјадници книги
Првото место го зазема уникатната повеќеспратна Minoa Pera во Истанбул, со повеќе од 45.000 книги на турски и англиски јазик, од книжевност до уметност, фотографија и графички дизајн. Магазинот ја опишува како „елегантно место“ со модерен ентериер и топло светло од фенери што висат од таванот. Зеленилото се спушта по скалите, а кафулето на катот нуди совршено место да поминете цел ден со книга и шолја кафе.
На второ место е Used Book Café во Париз простор исполнет со француска книжевност, но и доволно наслови на англиски јазик за да ги заинтересира туристите. Посебен адут е менито, од традиционални печива до супи и сендвичи за ручек.
Третото место му припаѓа на уште еден париски бисер – Halle Saint-Pierre, кој е многу повеќе од книжарница или кафуле. Овој центар е посветен на „outsider“ уметноста, комбинирајќи книги, изложби и општествени настани.
На листата на најубави книжарници-кафулиња во светот се најдоа:
- Minoa Pera, Истанбул
- Used Book Café, Париз
- Halle Saint-Pierre, Париз
- Péniche L’Eau et les Rêves, Париз
- Cafebrería El Péndulo Polanco, Мексико Сити
- Ampersand Café & Bookstore, Сиднеј
- Ler Devagar, Лисабон
- Maison Assouline, Лондон
- Bibliotheque, Њујорк
- Livraria Funambule, Петрополис, Бразил
Извор: bizlife.rs