Компанијата што го произведува Ozempic укинува 9.000 работни места

Данската фармацевтска компанија Novo Nordisk, производител на лекот Ozempic – популарен не само кај дијабетичарите туку и како средство за слабеење на социјалните мрежи – денес објави дека ќе укине 9.000 работни места ширум светот, што претставува повеќе од 11% од вкупната работна сила.

ozempic-4414-fi

Извор: Freepik

„Намалувањето на бројот на вработени е планирано низ целата компанија и се очекува до крајот на 2026 година да се остварат вкупни годишни заштеди од околу 7 милијарди дански круни (приближно 1,07 милијарди евра)“, соопштија од компанијата.

Трета корекција на прогнози за 2025 година

Оваа вест доаѓа во момент кога Novo Nordisk по трет пат годинава ја ревидираше својата прогноза за 2025 година, намалувајќи ја очекуваната оперативна маржа на 4–10%, за разлика од претходно предвидените 10–16%.

„Нашите пазари се менуваат, особено во областа на дебелината, каде што конкуренцијата расте и потрошувачите имаат сè поголемо влијание“, изјави новиот извршен директор Мајк Дустдар (Mike Doutsdar).

Тој додаде дека компанијата мора да се адаптира со култура ориентирана кон перформанс, поефикасно искористување на ресурсите и пренасочување на инвестициите кон области со најголемо влијание – клучните терапевтски сегменти.

Брз раст, па реструктурирање

Од 2020 година, Novo Nordisk се прошируваше со завиден ритам, зголемувајќи го бројот на вработени од околу 43.700 на 78.400 лица.

Во август, при објавата на полугодишните резултати, тогашниот извршен директор Ларс Фруергаард Јоргeнсен (Lars Fruergaard Jørgensen) отворено призна дека се потребни „прилагодувања“ во структурата и стратегијата.

Недолго потоа, компанијата официјално воведe замрзнување на нови вработувања.

Извор – bizlife.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.