Дали AI е тренд или нова архитектура на работење?

Дали AI агенти се само уште еден тренд — или веќе тивко ја водат работата наместо нас? Вториот ден на AI Tech Summit Skopje 2025 ни го донесе едно од најинтересните предавања досега преку Bart Veenman, лидер на тимот за AI услуги во KPMG Холандија и човек кој со над 15 години искуство во дигитална трансформација, маркетинг и иновација, се посветува на тоа организациите да го искористат вистинскиот потенцијал на AI. Неговото излагање откри како се дизајнираат и применуваат интелигентни системи на големо ниво — не за демо, туку за решавање конкретни бизнис предизвици.

AI-trend-4512-fi

Извор: приватна архива

Винман зборуваше за патот „од идеја до продукција“: како се избира вистинскиот случај на употреба, кои метрики (KPI) навистина имаат смисла, и како се гради архитектура што издржува скала – од избор на модел и податочна основа, до оркестрација на повеќе агенти и човечки надзор. Фокусот беше практичен: како да се избегне вечната пилот-фаза и да се покаже реална вредност за бизнисот.

Од експеримент до трансформација

Еден од најсилните моменти беше пораката дека AI не е само алатка, туку интелигенција што треба да се вгради во процесите. Наместо пристапот „имаме алатка, ајде да ѝ најдеме проблем“, организациите мора да тргнат од бизнис целите: кои задачи трошат најмногу време и ресурси, каде има ризик и како интелигентните системи можат да донесат мерливи подобрувања – од побрзо решавање на тикети, преку попрецизна корисничка поддршка, до поефикасно усогласување со регулативи.

За многумина во публиката ова беше момент на „клик“: технологијата сама по себе не е доволна, таа мора да стане дел од културата и од секојдневната работа. Прашањето што си заминаа дома е едноставно, но суштинско: каде во нашите процеси би имало најголемо влијание ако утре интегрираме вакви интелигентни системи?

Зошто е важно

Многу компании запнуваат на истите места: недефинирани KPI-ја, слаба податочна основа и отпор кај тимовите. Винман покажа патоказ за скалабилност:

  • јасни метрики од старт (време до одговор, точност, трошок по задача),
  • силна податочна архитектура (чисти извори, контекст/семантика, безбедност),
  • оркестрација на повеќе агенти наместо еден „супер-бот“, со јасни протоколи и улоги.

Ако сакате AI системи што навистина испорачуваат, мора да размислувате истовремено како архитект, мерач на ефект и лидер на промена. Тоа беше пораката на Винман — и затоа неговото предавање заслужено остана меѓу највпечатливите на годинешниот самит.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.