Со одлични дискусии, инспиративни панели и презентација на научни трудови, викендов заврши шеснаесеттото Стручно советување со меѓународно учество „Подекс-Повекс 25“, во организација на Здружението на рударски и геолошки инженери на Република Македонија. Настанот ги обедини водечките експерти од земјата и регионот, кои преку панел дискусии и научни трудови отворија суштински теми за иднината на индустријата.