It’s a Kind of Magic! Кога HR ја движи моќта на ESG

Малите гестови, големите приказни и анегдотите што покажуваат дека човекот секогаш е во срцето на одржливоста

ESG-4434-fi

Извор: WebMind редакција

Кога ќе се спојат луѓето, културата и вредностите, настанува магија  и таа магија се нарекува ESG. На Weekend.18, панелот „Тоа е Магија! Кога Човечките Ресурси ја Водат ESG Агендата“ покажа дека токму HR одделот е оној што ја претвора стратегијата во акција, ја движи одборната сала и ја внесува одржливоста во секојдневната работа и организациската култура.

Како што ESG (Животна средина, Општество и Добро управување) преминува од „термин кој е ИН“ во клучен фактор за долгорочен бизнис успех, сè почесто се поставува прашањето: кој оддел треба да биде одговорен во една организација за имплементирање на ESG практики? Најчесто одговорот е – Одделот за Човечки Ресурси!

Оваа панел-дискусија истражуваше како HR лидерите и тимовите можат да го поместат ESG од стратегија во акција – од управниот одбор до самата организациска култура. Конечно, ниту една ESG иницијатива не постои сама за себе; нејзината сила произлегува од луѓето што ја спроведуваат, културата што ја прифаќа и талентот што го привлекува.

Во дискусијата беше истакнато дека често проблемот не е во „прифаќањето на промената“, туку во нејзиното разбирање. Како што нагласи Луција Ана Томиќ

Раководителка на човечки ресурси и регулаторни прашања во Wiener osiguranje, Vienna Insurance Group d.d.
„Прифаќањето на промените го надминавме одамна. Денес, клучот не е само да ги прифатиме, туку да ги разбереме. Зашто ако не ја разбереме суштината на промената, секогаш ќе имаме отпор, а отпорот секогаш доаѓа од незнаење.“

Во таа насока беше споделена и инспиративна анегдота:
„Еден менаџер дошол дома, уморен и преоптоварен со стотици мејлови. Неговиот мал син сакал да си игра со него, а таткото, барајќи време за одмор, му дал сложувалка – искината карта на светот од едно списание. Си помислил: ‘Ќе му требаат часови да ја склопи.’ Но, по пет минути, детето се вратило со целосно составена карта. Зачудениот татко го прашал како успеал толку брзо. Детето одговорило: ‘Ја свртев картата, на другата страна имаше човек. Ја составив сликата на човекот – и светот сам се состави.’ Тоа е суштината: кога ќе го составиме човекот, светот секогаш ќе си го најде редот.“

ESG-4434-ps1

Откако сѐ почесто одделот за човечки ресурси ја презема улогата на двигател на ESG заложбите, компаниите откриваат нови можности за:
• Привлекување и задржување на таленти – позиционирање на компанијата како организација со јасна цел, во која идните вработени сакаат да се приклучат.
• Вклученост на вработените – инспирирање на тимовите да ја усогласат својата дневна работа со вредности кои одат подалеку од профитот.
• Одржливи практики – вградување на одговорни однесувања во организациската култура, со проширување на влијанието во заедницата и на пазарот.
• Зголемување на профитот – одговорното однесување и цврсто изградената компаниска култура каде вработените длабоко ги чувствуваат позитивните промени секако дека влијае на поголема продуктивност и креативност при работењето.

Учесниците на панелот споделија многу искуства и перспективи од организации и проекти каде HR имал клучна улога во обликувањето на ESG приоритетите. Дискусијата се навраќаше и на практични примери, успешни приказни и предизвици од аспект на голем систем и корпорација – покажувајќи дека кога HR води, ESG престанува да биде апстрактна обврска и станува трансформативна сила и за бизнисот и за општеството.

Луција Ана Томиќ истакна дека одржливоста е честопати погрешно претставена:
„Ретко која тема е толку банализирана како одржливоста. Еден ден слушаме дека аjкулите умираат поради пластични сламки, а веќе следниот ден приказни дека поради киселоста на океаните им паѓаат забите и умираат од глад. Во тој хаос од информации, луѓето често не знаат од каде да започнат или што е навистина важно.“

Примерот за Microsoft точно ја вброи компанијата помеѓу „Технолошките лидери со јасна посветеност кон одржливост“. Microsoft се обврза да стане карбон негативна компанија до 2030 година, инвестирајќи во обновливи извори на енергија и намалување на јаглеродниот отпечаток. Оваа ESG стратегија не само што ја намалува еколошката трага, туку им донесе и зголемување на продажбата од 10 милијарди долари, покажувајќи ја финансиската вредност од интегрирање на одржливи практики во бизнис моделот.

Понатаму, примерот со L’Oréal како водечки пример во секторот за козметика покажа како тие поставија сериозни ESG цели како користење 100% обновлива енергија до 2025 година и целосно рециклирање на отпадот создаден на фабричките локации. Овие напори не само што придонесуваат кон околината, туку и ја зајакнуваат бренд лојалноста и привлекуваат инвеститори и таленти кои се посветени на одржливоста.

Луција Ана Томиќ се надоврза и на интересниот податок од првото предавање на нејзината ESG академија
„На првото предавање на ESG Академијата поставивме едно едноставно прашање: ‘Зошто Дидо, Мате и баба Анѓелка треба да се грижат за белите мечки?’ И ако учесниците не можеа да ја поврзат таа приказна со секојдневниот живот, не ја добиваа дипломата. На крајот, дипломите ги доделивме во Природонаучниот музеј, симболично – таму каде што се гледаат слоевите на земјата, животните и природата која ја обликуваме секој ден.“

Таа се надоврза и За важноста на малите гестови, потсетувајќи дека:
„Не мора секоја акција да биде голема приказна за да биде значајна. На 8 Март, на пример, повеќе не подаруваме класични рози кои венеат, туку трајни симболи – платнени торби, шолји, предмети кои остануваат и потсетуваат. Малите гестови ја прават големата промена видлива и опиплива.“

Конечно, сподели  и пример од Јапонија, кој ја воодушеви публиката:
„Во Јапонија vending machines не се само за чоколади и Кока-Кола. Тие смислија како овие машини да станат корисни во вонредни ситуации – и ги програмираа така што при земјотрес, поплава или бура, машините автоматски се отвораат и даваат вода и храна на луѓето. Тоа е вистински пример за тоа како технологијата и одржливоста можат да се поврзат со човечката грижа.“

Заклучоците се огромни: нови сознанија и конкретни насоки за тоа како да ја усогласиме стратегијата за луѓето со целите за одржливост, правејќи ESG да не е само регулаторна обврска, туку и клучен двигател на конкурентска предност и културна промена.

Присуството на BAR TALK, HR.Weekend нѝ откри како настанува магијата кога HR и ESG се спојуваат – затоа што ESG не е само известување или reporting. ESG претендира да стане темелот на секој успешен бизнис!

Економист по професија, претприемач по вокација, психолог по потреба. Цврсто верува во континуиран раст и развој, љубител на книги и добра музика, и верен пријател на визуелната уметност.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.