Едноставни, брзи, хранливи – 5 рецепти за цела недела

Понекогаш денот трча побрзо од нас – работа, училиште, тренинзи, обврски… и токму кога најмногу ни треба пауза, треба да се мисли и на вечера. Но вкусниот, домашен оброк не мора да значи часови во кујна.

recepti-4812-fi

Извор: webmind редакција

One-Pot рецептите се мали чуда што ја спасуваат вечерта: едно тенџере, неколку свежи состојки, малку љубов и мудар избор на зачини – и имате топло јадење што ги собира сите дома.

Тие се идеални за динамични денови, за родители кои се враќаат доцна, за деца гладни по тренинг и за сите што сакаат домашен вкус без хаос низ кујната.

1. Рижото со тиква

recepti-4812-ps1

Потребно:

  • 300гр ориз со долго зрно
  • 1 кромид
  • 100мл бело вино
  • 1 мало парче путер
  • 1 лажица маслиново масло
  • 2 коцки MAGGI пилешки бујон

Како:
Во тенџере ставете вода, пилешки бујон и варете 20 мин заедно со исечканата тиква. Откако ќе се свари тргнете ја тиквата настрана. Исечкајте го кромидот на ситни коцки.  Сипете друго во тенџере малку маслиново масло и парче путер и додадете го кромидот, продинстајте го, па додадете го оризот и се добро измешајте.  Кога оризот ќе омекне, прелијте го со вино и оставете да се крчка додека да испари алкохолот. Повремено по малку преливајте го Оризот со Maggi булјонот додека да се свари. На крај ставете ги сварените коцки тиква.

Совет: Изрендајте пармезан за уште поголема експлозија на вкусови.

Време на подготовка – 30 минути.

2. Вегетаријанска лазања

Потребно:

  • 1/4 чаша маслиново масло
  • 1 средна слатка црвена пиперка
  • 1 среден морков, изрендан
  • 1 мал кромид, ситно сечкан
  • 2-3 домати
  • 300 гр свежи шампињони, исечени
  • 1 мала тиквичка, исечена на кругови
  • 400г доматен сос
  • 3 чешниња лук, иситнети
  • 2 лажички сушено оригано
  • 2 лажички сушен босилек
  • 1 лажичка сол
  • 1/2 лажичка сушен мајчина душица (thyme)
  • 1/4 лажичка црн пипер
  • 6 лазања кори
  • 1 големо јајце, лесно изматено
  • 250 гр рендан кашкавал
  • 2 лажички Maggi зачин

Како: Во длабок сад, загрејте го маслото на средно висока температура. Додадете ја црвената пиперка, морковот и кромидот; пржете додека не омекнат, но да останат крцкави. Додадете ги доматите, шампињоните, тиквичка и лукот; гответе и мешајте додека тиквичките не омекнат.  Додадете ги зачините и сосот од домати и оставете да зоврие. Загрејте ја рерната на 200°C (350°F). Во мала чинија измешајте го јајцето и кашкавалот. Наредете ред лазања, ред зеленчук, ред кашкавал и јајца, па повторно – лазања, зеленчук, јајце и кашкавал, се додека не ја потрошите смесата. На крај завршете со смесата од јајце и рендан кашкавал

Печете под фолија, 30–35 и откриено уште 5-10 минути колку кашкавалот да зацрвени.

3. Домашно крцкаво пилешко  

recepti-4812-ps3

Потребно:

  • Maggi Air Fryer Crispy Paprika
  • 450 g Пилешки гради
  • 600 g Компири
  • 200 g марула
  • 1 Краставица
  • 4 Чери домати 

Прелив со грчки јогурт:

  • 100 g Грчки јогурт
  • 1 Чешне лук, ситно сечкано
  • 1 лажичка Лимонов сок
  • 1 лажичка ситно сечкан власец

Како:
Исечете го компирот на ленти. Потопете го во ладна вода за да го извадите вишокот скроб. Исцедете и исушете. Загрејте го air fryer -от или рерната на 200°C, и ставете ги компирите да се испечат. Филетите од пилешки гради премачкајте ги со маслиново масло, а потоа извалкајте ги во MAGGI crispy paprika смесата. Ставете го пилешкото да се пече околу 10тина минути. Подгответе салата од  марула, краставица и домат. За сосот – измешајте го грчкиот јогурт со лукот, власецот и солта.

Подготовка: 40 минути

4.  Шпагети болоњезе

recepti-4812-ps4

Потребно:

  • Шпагети
  • Маслиново масло
  • 350гр мелено месо
  • Maggi болоњезе
  • 500г доматен сос
  • 100мл црвено вино
  • пармезан

Како: меленото месо го мешаме со Maggi болоњезе припремата и пропржете на маслиново масло, додајте го црвеното вино и оставете алкохолот да испари. Додадете го доматниот сос и оставете се заедно да проврие неколку минути. Во меѓувреме сварете ги шпагетите, откако ќе бидат готови додадете ги во садот со болоњезе сосот и варете уште 3 минути. На крај додадете го ренданиот пармезан.

Подготовка: 20 минути

5. One pot зелка

recepti-4812-ps5

Потребно:

  • 450 g мелено говедско месо
  • 1 средна зелена пиперка, сечкана
  • 1 кромид
  • 1 чешне лук
  • 1 морков
  • 1 коцка Maggi зеленчуков бујон
  • 1 конзерва доматен сос
  • 2 чаши вода
  • 1 мала зелка

Како: Во длабок сад, гответе го меленото месо заедно со сечканиот зеленчук на средно висока температура додека месото не ја промени бојата; Додадете ја Maggi зеленчуковиот бујон , доматниот сос, водата и зелката; оставете да зоврие. Намалете ја температурата; варете покриено, 30 минути, повремено мешајќи, додека зелката не омекне.

Подготовка: 30 минути

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.