5 оброци под 30 минути, домашно, вкусно, брзо

Животот е брз, состаноци, училиште, обврски, а сепак постои едно место каде сè станува мирно: трпезата. Домашен оброк не значи часови во кујна, понекогаш се доволни 30тина минути, малку љубов и една тајна состојка. Еве пет идеи за вкусни ручеци за целото семејство, со мала помош од „тајната состојка“.

obroci-4763-fi

Извор: WebMind редакција

1. Рижото со печурки

Потребно:

  • 1 шолја ориз – арборио (за најкремасто рижото)
  • 200 g печурки
  • 2 коцки MAGGI пилешки булјон
  • 200 мл бело вино
  • 50 грама путер
  • Лук
  • Кромид
  • Сол
  • Пармезан
obrok-4763-ps5

Како:
Во тенџере пропржете кромид и лук, додадете ги печурките и путерот, пржете додека да испари водата, па додадете го оризот и белото вино. Во 800мл вода растворете 2 коцки пилешки бујлон и постепено (кутлача по кутлача ) додавајте во оризот. Откако оризот ќе добие кремаста текстура додадете рендан пармезан.

Совет: За повеќе боја, пола лажичка шафран.

Време на подготовка – 30 минути.

2. Бурито со пилешко во Air Fryer

Потребно:

  • тортиљи
  • 200 g пилешко
  • 1 Авокадо,
  • 150 гр  грчки јогурт
  • ¼ лимон
  • Зачини (коријандер, лук во прав)
  • 1 Кромид
  • 1 Црвена пиперка
  • MAGGI Air Fryer мешавина за тортиља во мексикански стил
obrok-4763-ps1

Исечкајте го пилешкото, пиперките и кромидот на ленти. Додадете масло и MAGGI Air Fryer мешавина за тортиља во мексикански стил. Наредете во еден слој и печете 15 минути на 190°C, вртејќи ги 2-3 пати.Додека пилешкото се пече, подгответе го сосот – грчкиот јогурт измешај го со коријандер, лук во прав и ¼ лимон. Во посебен сад испасирајте го авокадото. Кога пилешкото ќе биде готово поченте со виткање на тортиљата во следниот редослед: тортиља, авокадо, пилешко со зеленчук, сос од јогурт.  

Одлично и за ручек и за носење на работа.

Време на подготовка – 30 минути.

3. Полнет  модар патлиџан  

Потребно:

  • MAGGI зачин
  • 300 g мелено месо
  • 1 Кромид
  • 2 големи домати
  •  1 црвена пиперка
  • Рендан пармезан
  • Маслиново масло
  • сол
obrok-4763-ps2

Како:
Исечете го модриот патлиџан на дебели кругови. Одозгора, површински засечете го во коцки, премачкате со маслиново масло и ставете да се потпече во рерна 25 минути на 180 степени. Во меѓувреме исечкајте го кромидот и пиперката и пропржете на маслиново масло, кога зеленчукот ќе омекне, додадете го меленото месо и уште 5-6 минути. Кога месото ќе биде готово, додадете MAGGI зачин и сос од изрендан еден домат. Гответе уште 2-3 минути. Кога модриот патлиџан ќе биде готов, извадете го од рерна, притиснете ја средината да направите простор и наполнете го со смесата од месо, зеленчук и домати, додадете рендан пармезан и сос од другиот дома. Ставете да се пече  додека да се стопи пармезанот.   

Подготовка: 30 минути

4.  Чорба од тиква

Потребно:

  • ½ тиква (butternut squash)
  • ¼ сноп праз
  • 3 чешниња лук
  • MAGGI булјон од зеленчук
  • 50 грама путер
  • 400 грама павлака
obrok-4763-ps3

Како: Излупете ја тиквата и исечкате ја на коцки, ¼ сноп праз исчистете го и исечкајте го на тркалца, заедно со лукот и две MAGGI коцки бујлон додадете ги во 1л вода и варете 20тина минути (додека тиквата не омекне). Откако ќе се свари, извадете неколку кутачи вода и измешајте со павлаката. Сварениот зеленчук изблендирајте го со остатокот од водата, додадете ја павлаката и се заедно измешајте. На крај додадете го путерот и уживајте во чорбата.

Подготовка: 30 минути

5. Макарони со 4 вида сирење

Потребно:

  • 300 гр таљатели
  • 400 мл павлака за готвење
  • маслиново масло
  • 30 гр MAGGI Fix Идеја за пилешко со 4 видови сирење
  • 50 гр говедска пршута
obrok-4763-ps4

Како: Ставете ги таљателите да се сварат во зовриена вода и исцедете ги кога ќе бидат готови. Сипете малку маслиново масло во тавче и малку пропржете ја пршутата претходно исечена на помали парчиња. Растворете ја содржината од кесичката MAGGI идеја за макарони со 4 видови сирење во 400 мл. павлака за готвење па прелијте преку потпржената пршута. Додадете ги таљателите и зачинете со бибер и сол

Подготовка: 20 минути

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.