One-Pot рецептите се мали чуда што ја спасуваат вечерта: едно тенџере, неколку свежи состојки, малку љубов и мудар избор на зачини – и имате топло јадење што ги собира сите дома.
Тие се идеални за динамични денови, за родители кои се враќаат доцна, за деца гладни по тренинг и за сите што сакаат домашен вкус без хаос низ кујната.
1. Рижото со тиква
Потребно:
- 300гр ориз со долго зрно
- 1 кромид
- 100мл бело вино
- 1 мало парче путер
- 1 лажица маслиново масло
- 2 коцки MAGGI пилешки бујон
Како:
Во тенџере ставете вода, пилешки бујон и варете 20 мин заедно со исечканата тиква. Откако ќе се свари тргнете ја тиквата настрана. Исечкајте го кромидот на ситни коцки. Сипете друго во тенџере малку маслиново масло и парче путер и додадете го кромидот, продинстајте го, па додадете го оризот и се добро измешајте. Кога оризот ќе омекне, прелијте го со вино и оставете да се крчка додека да испари алкохолот. Повремено по малку преливајте го Оризот со Maggi булјонот додека да се свари. На крај ставете ги сварените коцки тиква.
Совет: Изрендајте пармезан за уште поголема експлозија на вкусови.
Време на подготовка – 30 минути.
2. Вегетаријанска лазања
Потребно:
- 1/4 чаша маслиново масло
- 1 средна слатка црвена пиперка
- 1 среден морков, изрендан
- 1 мал кромид, ситно сечкан
- 2-3 домати
- 300 гр свежи шампињони, исечени
- 1 мала тиквичка, исечена на кругови
- 400г доматен сос
- 3 чешниња лук, иситнети
- 2 лажички сушено оригано
- 2 лажички сушен босилек
- 1 лажичка сол
- 1/2 лажичка сушен мајчина душица (thyme)
- 1/4 лажичка црн пипер
- 6 лазања кори
- 1 големо јајце, лесно изматено
- 250 гр рендан кашкавал
- 2 лажички Maggi зачин
Како: Во длабок сад, загрејте го маслото на средно висока температура. Додадете ја црвената пиперка, морковот и кромидот; пржете додека не омекнат, но да останат крцкави. Додадете ги доматите, шампињоните, тиквичка и лукот; гответе и мешајте додека тиквичките не омекнат. Додадете ги зачините и сосот од домати и оставете да зоврие. Загрејте ја рерната на 200°C (350°F). Во мала чинија измешајте го јајцето и кашкавалот. Наредете ред лазања, ред зеленчук, ред кашкавал и јајца, па повторно – лазања, зеленчук, јајце и кашкавал, се додека не ја потрошите смесата. На крај завршете со смесата од јајце и рендан кашкавал
Печете под фолија, 30–35 и откриено уште 5-10 минути колку кашкавалот да зацрвени.
3. Домашно крцкаво пилешко
Потребно:
- Maggi Air Fryer Crispy Paprika
- 450 g Пилешки гради
- 600 g Компири
- 200 g марула
- 1 Краставица
- 4 Чери домати
Прелив со грчки јогурт:
- 100 g Грчки јогурт
- 1 Чешне лук, ситно сечкано
- 1 лажичка Лимонов сок
- 1 лажичка ситно сечкан власец
Како:
Исечете го компирот на ленти. Потопете го во ладна вода за да го извадите вишокот скроб. Исцедете и исушете. Загрејте го air fryer -от или рерната на 200°C, и ставете ги компирите да се испечат. Филетите од пилешки гради премачкајте ги со маслиново масло, а потоа извалкајте ги во MAGGI crispy paprika смесата. Ставете го пилешкото да се пече околу 10тина минути. Подгответе салата од марула, краставица и домат. За сосот – измешајте го грчкиот јогурт со лукот, власецот и солта.
Подготовка: 40 минути
4. Шпагети болоњезе
Потребно:
- Шпагети
- Маслиново масло
- 350гр мелено месо
- Maggi болоњезе
- 500г доматен сос
- 100мл црвено вино
- пармезан
Како: меленото месо го мешаме со Maggi болоњезе припремата и пропржете на маслиново масло, додајте го црвеното вино и оставете алкохолот да испари. Додадете го доматниот сос и оставете се заедно да проврие неколку минути. Во меѓувреме сварете ги шпагетите, откако ќе бидат готови додадете ги во садот со болоњезе сосот и варете уште 3 минути. На крај додадете го ренданиот пармезан.
Подготовка: 20 минути
5. One pot зелка
Потребно:
- 450 g мелено говедско месо
- 1 средна зелена пиперка, сечкана
- 1 кромид
- 1 чешне лук
- 1 морков
- 1 коцка Maggi зеленчуков бујон
- 1 конзерва доматен сос
- 2 чаши вода
- 1 мала зелка
Како: Во длабок сад, гответе го меленото месо заедно со сечканиот зеленчук на средно висока температура додека месото не ја промени бојата; Додадете ја Maggi зеленчуковиот бујон , доматниот сос, водата и зелката; оставете да зоврие. Намалете ја температурата; варете покриено, 30 минути, повремено мешајќи, додека зелката не омекне.
Подготовка: 30 минути