Кога родителите се „тајниот тренер“: како храната го гради спортскиот дух

Да се биде спортист не значи само да се тренира повеќе, значи да се живее поинаку. Да се знае кога да се движиш, но и кога да застанеш. Кога да се потрошиш, но и кога да го надоместиш потрошеното. Рамнотежата што ја бара секој спортист на теренот започнува далеку пред натпреварот, на трпезата.

hrana-4813-fi

Извор: WebMind редакција

Токму таму се среќаваат спортот и храната. Во секој оброк подготвен со внимание, во секој залак што враќа сила, во секој момент на заедништво што го полни духот исто како што го полни телото.

Кога родителите се „тајниот тренер“: исхраната што го гради идниот шампион

Зад секој млад спортист стои родител кој станува порано, готви, се грижи.  Тие не се на терен, но секој нивен избор, од појадокот, до супата после тренинг е дел од успехот.

Науката го потврдува тоа:

  • Децата спортисти кои имаат редовни домашни оброци богати со протеини, растителни влакна и електролити имаат 20 до 30% подобра издржливост. Исто така, редовните оброци со „лесно сварлива топла храна“ (супи, чорби) особено во зимски периоди придонесуваат за побрза дигестија и стабилна енергија кај младите спортисти.
  • Децата кои тренираат имаат значително поголеми енергетски потреби, а топлите оброци богати со течности (како супи и чорби) помагаат во подобра хидратација, внес на електролити и побрзо опоравување.особено натриум и калиум критични за спортови со висок интензитет, како ракометот.
  • Според истажување на Универзитетот за медицина во Чикаго, се препорачува оброци богати со електролити и течности,  како супи со зеленчук, неколку часа пред тренинг, за да се одржи хидратација, сила и ментален фокус
  • Родителите кои практикуваат „мирни семејни оброци“ имаат деца со подобра концентрација, помал стрес и подобра самодисциплина, клучни фактори на терен.
  • Топлите оброци богати со протеини и зеленчук (како густите чорби) го забрзуваат мускулното опоравување и го намалуваат воспалението.

Токму затоа, за младите спортисти, здравата исхрана не е „додаток“ — туку дел од тренингот.

Топол оброк после тренинг, супа богата со зеленчук и минерали, лесна чорба што го враќа балансот, тоа се малите ритуали со кои родителите градат сила, навика и спортски карактер. Во тие моменти, родителот не е само поддржувач, туку „таен тренер“ кој со љубов и вистинска храна ја гради најважната победа: стабилноста однатре.

Енергија што не доаѓа само од калории

Современите спортисти одамна ја надминаа идејата дека исхраната е само „гориво“.
Денес, тоа е стратегија, дисциплина и дел од нивниот успех.

Токму затоа супите, чорбите и едноставните домашни јадења збогатени со MAGGI бујони, зачини и супи се совршен спој на вкус и сила. Брзи за подготовка, но хранливи и идеални за спортист кој се грижи и за тело и за ум.

Спортот нè учи дека заедништвото е најдобриот рецепт

Ракометот отсекогаш бил симбол на заедништво, страст и упорност. Со новото партнерство со Ракометната федерација на Македонија (РФМ), MAGGI не ја поддржува само играта , туку и начинот на живот што стои зад неа. Топлината на домот и енергијата на теренот се дел од иста приказна: приказна за тимски дух, љубов кон трудот и верба во малите ритуали што градат големи успеси.

Момент за пауза, момент за сила

Во спортот, паузата е исто толку важна како и движењето. Истото важи и за исхраната.

Затоа топла супа пред тренинг, домашна чорба по натпревар или едноставен ручек со семејството не се само оброци, тие се ритуали на рамнотежа, на враќање сила и на создавање мир пред следниот предизвик. Во денешниот брз ритам, MAGGI нуди практични решенија што не го одземаат времето, но го задржуваат вкусот и топлината на домот.

 Вкус што инспирира движење

На крајот, спортот и храната имаат една заедничка мисија: да нè научат дека успехот не е во брзината, туку во посветеноста. А кога на трпезата има љубов, а на теренот има страст, рамнотежата е совршена. MAGGI и РФМ – две страни на истата приказна: едната ја носи топлината на домот, другата силата на теренот. Заедно, тие нè потсетуваат дека најважните победи започнуваат однатре.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.